Посебна изборна единица за помалкубројните етнички заедници – Реален Медиум за Реални Луѓе – Македонски Медиа Сервис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Партијата за движење на Турците (ТХП) смета дека треба да има посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалкубројните етнички заедници. Во таа посебна изборна единица, соопштуваат денеска оттаму, партиите на помалкубројните етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно.

  • Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава на која ќе биде овозможено да гласа гласачи од помалкубројните етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови, се вели во партиското соопштение.

Од партијата сметаат дека со ваквиот изборен модел, не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалкубројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Северна Македонија.

Како Партија за движење на Турците (ТХП) изразиваат подготвеност да учествуваат во дебатите за промена во изборниот модел. Ја поддржуваат иницијативата за отворање широк дијалог околу измени на Изборниот законик.

Овој модел, сметаат, ќе овозможи правично и фер претставување на помалкубројните етнички заедници во Собранието на Република Северна Македонија. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
9.4 ° C
9.4 °
9.4 °
87 %
0.6kmh
57 %
Mon
13 °
Tue
8 °
Wed
10 °
Thu
12 °
Fri
9 °

Поврзани написи

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното реми во Бергамо

Репрезентатаивецот на Македонија, Елиф Елмас, постигна еден гол...

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами

Веќе се започнати подготовките за трилатерален самит меѓу...