(Видео) Спектакл во Штургарт – Шпанија преку Франција до финалето во Лигата на нации

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Шпанија и Франција одиграа спектакуларно второ полуфинале во Лигата на нации. Финале избори Шпанија со победата 5:4 на стадионот во Штутгарт. Шпанците со два блиц крига дојдоа до водство 4:0, потоа и до 5:1, влегувањето на рајан Шерки ја раздвижи Франција, на крајот „триколорите“ немаа време да изборат продолженија.

Шпанија во првото полувреме им покажа на Французите зото се европски шампиони. Откако Франција не успеа да го отвори резултатот, кога тео Ернандез ја погоди гредата, следуваше блиц криг на Шпанците.

Два гола во три минути, прво погоди Нико Вилијамс, а потоа Микел Мерино. Асистент за два гола беше Микел Ојерзабал.

Во ист ритам Шпанците продолжија и во вториот дел. Блив криг со два гола во 54. и 55.минута. Најпрвин Јамал погоди од пенал, а потоа и Педри.

Франција, четири минути подоцна од пенал го намали резултатот, прецизен беше Мбапе, но Јамал во 67.минута ја врати предноста на Шпанија од четири гола.

Во финишот, поранешните светски шампиони спречија дебакл со три погодоци. Талентираниот Рајан Шерки постигна ефектен гол, потоа автогол си постигна Вивијан, а во четвртата минута од судиското продолжение, Коло Муани успеа дури и да внесе неизвесност во натпреварот.

Шпанија и Португалија ќе играат во финалето, во недела на „Алијанц Арена“во Минхен. Двата тима имаат по една титула во ова натпреварување, а победникот ќе има шанса да стане првиот тим со два трофеи.



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи