Тетовец заврши во полиција – Со возилото летал со 190 километри на час

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10 часот и 51 минута на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.

Како што сопшти МВР, при сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи