Се намалуваат царината на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД, информираат од МФ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија. 

Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави.

Овие измени се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024–2028, која предвидува постепена хармонизација на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, прилагодено на економските потреби на македонското стопанство.

Законот е подготвен во консултација со Стопанските комори и претставува продолжување на политиките за поддршка на бизнис заедницата. Главна цел е зголемување на конкурентноста, поттикнување на извозот и привлекување на нови инвестиции, особено во преработувачката индустрија, металургијата, автомобилската индустрија и енергетиката.

Намалувањето на царинските стапки е направено за 50% од разликата меѓу постојните стапки и оние што ги применува ЕУ, во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Особено значајна е мерката за намалување на царинската стапка на литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија, што ќе придонесе за развој на енергетскиот сектор, подобрување на стабилноста на електроенергетскиот систем и поддршка на инвестициите во обновливи извори.

Дополнително, целосната либерализација на увозот на стоки со потекло од САД има за цел да ја засили конкуренцијата на домашниот пазар и испраќа позитивна економска порака во меѓународната трговија, со што се поттикнува воспоставување на реципроцитет и продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...