Донаторите на органи се ослободени од патарини, а М таг ќе може да се надополнува на сите продажни места – дел од законските измени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Собранието на РСМ вчера усвои измени на Законот за јавни патишта, со кои се отвора патот за дополнителна дигитализација на патарините. Со новините, се менува  начинот на кој може да се наплаќа електронската патарината со М таг. До сега надополнувањето можеше да се прави само во просториите на ЈП Државни патишта. Со измените се дозволува приватен оператор да се вклучи и во приватни продажни места електронски да се надополнува М тагот. Дополнително се дигитализира  и се воведува припејд и постпејд опции  за тие што транзитираат, за да може да се плати патарина и преку мобилен телефон.

Според предлагачите на измените, ова ќе ги намали гужвите на патарините особено за време на летните одмори, а се отвора и можност за идно дигитализирање на патарините.

Со вчера усвоените законски измени, се воведува новината од плаќање на патарина да бидат ослободени донаторите на органи и тие што примиле органи.

Третата новина е тоа што ќе може да се постават прегради и друг тип на забавувачи на сообраќајот на експресните патишта. Оваа новина беше иницирана по неколкуте сообраќани несреќи на експресниот пат Штип – Кочани и барањето на граѓаните и експертите за подигнување на безбедноста. Новините предвидуваат да бидат поставени прегради и успорувачи на сообраќајот од страна на општините и државата, таму каде ќе има потреба.

В.К.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...