„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за литературната награда „Јаснаја Полјана“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен на руски јазик од Олга Панкина е вброен во листата за номинацијата „Пропуштени ремек-дела“ објавена од коосновачите на Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јаснаја Полјана“ – Музеј „Лав Толстој” и Самсунг Електроникс.

-Во 2025 година, жирито за наградата кое се состои од познати руски писатели, литературни критичари и јавни личности на чело со Владимир Толстој, правнукот на Лав Толстој, се реши за потесен избор од осум наслови од автори од Албанија, Британија, Македонија, Колумбија, САД и Чиле, известува преведувачката Панкина.

Покрај  Андреевски со „Пиреј“, на листата номинирани за наградата „Јаснаја Полјана“ се уште седум автори: Антонија Сјузен Бајет за романот „Девојка во градината“, Џон Барт – „Трговец со отров“, Роберто Болано – „2666“, Габриел Гарсија Маркес – „Ќе се видиме во август“,  Исмаил Кадаре – „Генерал на мртвата армија“,  Хилари Мантел – „Срце на бура“ и Сју Таунсенд – „Жената што легна во кревет за една година“.

Името на лауреатот ќе биде објавено во октомври на свечена церемонија на доделувањето на наградата „Јаснаја Полјана“. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
76 %
0.2kmh
0 %
Tue
10 °
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
13 °
Sat
18 °

Поврзани написи

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...

Ливерпул сака да го врати Трент и да го донесе Скот за 100 милиони евра

Ливерпул подготвува значајни промени во тимот по заминувањата...