Со почетокот на грејната сезона значително се зголемува riзикот од настанување пожари. Најчести причини за ова се човечкото невнимание, застарените и дотраени електрични инсталации, неисправните грејни тела, како и неисчистените оџаци во куќите и станбените згради.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните на максимална внимателност при користењето на грејните тела.
Клучни препораки за безбедност:
- Не оставајте вклучени апарати: Греалките, клима-уредите и печките на дрва никогаш не треба да работат додека сте надвор од домот или од работните простории. Потребна е само мала искра за да настане пожар со сериозни последици.
- Посебно внимание во станбените згради: Во зградите локализирањето на пожарите е значително потешко поради недостаток на противпожарна опрема и отежнат пристап на возилата.
- Редовно чистење на оџаците: Се препорачува проверката и чистењето на оџаците да се врши најмалку двапати годишно.
- Внимавајте со струјата: Не ги преоптоварувајте електричните инсталации со истовремено вклучување на повеќе моќни апарати.
Предизвикувањето пожар е кривично дело
Од полицијата потсетуваат дека согласно член 288 од Кривичниот законик (Предизвикување општа опасност):
- За намерно предизвикување опасност предвидена е казна затвор од 6 месеци до 5 години.
- Доколку делото е сторено од небрежност, казната изнесува до 3 години затвор.
СВР Тетово апелира до сите граѓани доследно да ги почитуваат препораките за да ги заштитат сопствениот живот и имот, како и животот и имотот на своите сограѓани.













