Бујар Османи за Чаир, Бајрам Реџепи за Тетово – ДУИ соопшти дел од кандидатите за градоначалници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претседателството на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на денешната 21-та седница определи дел од кандидатите за градоначалници и носители на листи за советници на оваа партија, кои ќе бидат дел од заедничките кандатури со другите политички субјекти кои се во коалицијата Европски фронт. Алијанса на Албанците на Зијадин Села ќе предложи кандидати за градоначалник за Струга, за Дебар и Арачиново, додека партијата на Арбен Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.  

-Иден градоначалник на Општина Чаир ќе биде д-р Бујар Османи, иден градоначалник на општина Тетово ќе биде Бајрам Реџепи, за Желино Емир Сулејмани, носител на листа во Општина Гостивар ќе биде Валди Џафери, ностител на листата во Општина Струга ќе биде Фатон Положани, истакна Арбр Адеми, портпарол на ДУИ по тричасовната средба на Генералниот совет на ДУИ. 

За другите кандидати за градоначалници и ностители на листи за советници ќе се одлучува во следните четири дена.

-Сите овие кандидати ќе бидат заеднички на коалицијата, не се работи само за кандидати на ДУИ или на Алијанса за Албанците, кои се партнери. Поточно, од Алијанса за Албанците на Зијадин Села ќе добиеме предлог за кандидат за градоначалник во општина Струга, Дебар и Арачиново. Од АА на Таравари ќе имаме предлог во општините Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај, и на десет други општини, ќе ги потврдиме кандидатите на ДУИ и на сите политички партии кои ја сочинуваат оваа коалиција, истакна Адеми.

Едногласно централното претседателство го избрал генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети да биде шеф на централниот изборен штаб.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...