Ќе се чисти позитивната листа од застарени лекови, можна промена на цената на здравствените услуги, министерот Алиу во Стадион

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Се работи на проширување на позитивната листа со нови лекови, но и на прочистување на истата од застарените кои повеќе не им служат на граѓаните, истакна во емисијата Стадион министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека исто така се прават анализи за актуелните цени на здравствените услуги што ги користат граѓаните и пред да завршат истите не сакаше да прецизира дали е можно нивно поскапување.

Прашан за хаосот и гужвите на онкологија уште еднаш потврди дека многу наскоро ќе се дисперзираат терапиите на онколошките пациенти, со цел да се намалат редиците на онкологија во Универзитетскиот клинички центар во Скопје.  Нагласи и дека во последна фаза се и се дефинираат протоколите за дисперзирање на третманот со онколошка терапија на овој вид пациенти. Како што истакна се прави функционална анализа на целиот здравствен систем а проблемот со онколошките пациенти е еден од приоритетните.

  • Многу брзо онколошките пациенти амбулантската терапија ќе можат да ја примаат и во  “8 Септември” во Скопје како и во клиниките во Битола, Штип и Тетово. Кадар има а правиме обиди и да ги поврземе со Универзитетската клиника во Скопје за да во првиот период бидат асистирани преку телемедицина и ценам дека за брзо време во некоја од овие клиники ќе може да имаме и  ЦТ-симулатор со кој би се дефинирале терапиите и ќе се оди чекор понапред, истакнува министерот Алиу.

Азир Алиу – актуелен министер за здравство, денешен гостин во емисијата Стадион на Канал 77. Следете на линкот во продолжение:

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...