Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Топлотниот бран ги „разбуди“ огнените стихии. Пожарот кај ловиштето Јасен е најкритичен. Со денови не може да се стави под контрола.

Теренот е непристапен, што дополнително ја отежнува работата на службите. Уште од рано утрово хеликоптери го напаѓаат овој пожар од воздух, а од копно гаснат полициски службеници, припадници на Армијата и тимови на Национални шуми.

Пожар попладнево избувна кај скопско Сарај, поточно кај Свиларе, чиј крак се шири кон Јегуновце. Овој пожар се гасне само од земја, бидејќи сите воздухоплови интервенираат над Јасен. Изгорена е една штала. Но, службите уверуваат дека не постои опасност за проширување на пожарот во околните села.

Денешната статистика се заокружува со 20 пожари на отворен простор. Освен кај Јасен, гори и кај село Големо Коњари, Долнени, Врапчиште и Крива Паланка.

Зголемен обем на работа освен пожарникарите имаат и службите на итната медицинска помош. Само денеска екипите имале 40 интервенции. Најголемиот дел од нив биле хронично болни, на кои им се слушило. На други, пак од жешкото им се покачил притисокот.

Со полна пареа работат и матичните доктори.

Здравствените работници со препорака до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Високи температури се очекуваат и во следните денови. Во Македонија поради пожарите има прогласена кризна состојба, а на сила е и забраната за движење во шуми.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...