Еврообврзница од 950 милиони евра плус задолжување кај домашните банки следната година, најави министерката за финансии Кочоска. Со парите од еврообврзницата ќе се враќаа стари долгови вредни 700 милиони евра, а со останатите 250 ќе се покрива буџетскиот дефицит, кој е проектират на 3,5% од БДП.
Сепак, тие пари нема да бидат доволни за минусот во државата каса, па затоа ќе се бараат до 70 милиони евра кредити и од домашните банки.
Министерката најави дека владата наскоро ќе излезе со мерки против високата инфлација. Во моментов се анализира дали да се намали ДДВ кај одредени прехранбени производи, посебно кај овошјето и зеленчлукот, а се анализиараат и цените кај угоститерлските услиги, кои бележат двоцифрен раст.
За да нема поголеми финансиски оптоварувања кај граѓаните кои купуваат сопствен дом, личен став на министерката Кочоска е ДДВ да си остане со повластена стапка од 5%. Оваа антикрзина мерка беше донесена во 2010 та година, и требаше да трае 5 години.
Но неколку годишно продолжување на мерката, рокот за повластена стапка за првиот промет на станбена зграда истекува на 31 декември. Градежниците аларамираа дека ако се врати ДДВ то на 18%, цехот ќе го платат граѓаните, кои ќе купуваат поскап квадрат. Сепак, аналиизите во финасии се уште траат и конечна одлука ќе се донесе наскоро, најави Кочоска.
Преземено од: Линк













