СВР – Велес со детали за убиството во Кавадарци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


За убиството во Кавадарци, лишени од слобода се три лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Денеска во 04:56 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во градот, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т., на возраст од 43 години од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт, појаснија од СВР – Велес.

Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. 

– Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, нагласија од СВР – Велес.

Во врска со убиството во Кавадарци, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот. Се прибираат траги и докази. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа за МИА утрово од Обвинителството.

Претходно, МИА информираше дека едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.

– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот за МИА.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...