245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи – 17 250 се првачиња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Училишното звоно утре ќе го означи почетокот на учебната година за 245 илјади основци и средношколци. За прв пат во училишните клупи ќе седнат и 17 250 првачиња.

Од министерството за образование велат нема отстапувања во бројот на ученици споредбено со минатата година, сепак, има општини каде нема ниту еден првооделенец.

Надлежните со уверување дека старите проблеми остануваат минато и децата нема да одат со полупразни ранци и наместо од книга да учат од тетратки.

-Учебници се обезбедени по сите предмети, дистрибуцијата уште трае и годинава имавме околу 600 000 учебници да дистрибуираме. Околу 90 проценти се дистрибуирани и не е страшно ако дистрибуицијата трае и првата недела од учебната година, битно има учебници по сите предмети, вели Весна Јаневска, министер за образование и наука.

После неколку години учебници ќе има и по странските предмети а измени ќе има и во електронскиот дневник каде според надлежните, наставниците и професорите ќе можат да внесуваат податоци во секој момент. Зголемување има и во инклузивниот процес па освен образовните асистенти во основните, 130 такви ќе има и во средните училишта.

-Препорака е да се посвети повеќе внимание на учениците во делот на дигитализацијата, еколошката едукација, мердиумската писменост и здравствена едукација. Апелирам со локалните самоуправи пред се во Струга, Демир Хисар и ресен каде има некои проблеми, добро да се подготват и да ги пречекаат учениците онака како што треба, вели Јаневска.

Годинава ќе има формално образование и за децата кои се на подолготрајно лекување а нема да бидат изоставени и дел од повредените од трагедијата во Кочани кои се дел од образовниот процес.

Учебаната година ќе трае до 10 јуни освен за матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...