Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Четири лица со симптоми на труење од пожарот во Трубарево побарале лекарска помош на Токсикологија. Сите се жалеле на вртоглацица и кашлица од вдишување на чад.  Тројца меѓу кои и директорот на ЦУК биле амбулантски третирани и пуштени се дома, а една пациентка која живеела во близина на складиштето е заржана на болничко лекување.

– На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување. Надвор од животна опасност се четирите лица, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

– Оваа операција ја оценувам како успешна бидејќи ниту еден пожарникар не е повреден и сите се вратени дома, изјави Звонко Томески, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Непријатна и иритирачка миризба од еколошката катастрофа во Трубарево денеска се чувствуваше речиси низ цело Скопје. Колку и со што е загаден воздухот од електронскиот отпад гој гореше во кој меѓу другото имало литиумски батерии и други токсични материи ќе се знае најрано утре. Мерења вршеле неколку лаборатории. 

Засега се знае само дека во воздухот нема радиоактивност, покажале мерењата на ИЈЗ. Дополнително ќе се испитува и квалитетот на почвата и водата во непосредна близина на изгореното складиште.

– Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот, изјави Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје.

Здравствените власти уверуваат дека засега нема потреба од дополнителни мерки и препораки за заштита на граѓаните од загадениот воздух. Меѓу другото се препорачува носење на КН маски, луѓето кои живеат во близина на пожарот да не отвараат прозори и врати и доколку почувствуваат вртоглавица или кашлање да повараат лекарска помош.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи