Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари, а од друга страна сум обвинета затоа што не сум се придржувала до постапките за делата кои ми се товарат, притоа, постојано повторуваше судијката дека парите кои што се искористени за она што ме обвинуваат доаѓаат од оперативниот фонд на ЕУ, значи тоа се европски пари, за коишто претходно ме ослободува дека не сум ги злоупотребила, вели поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, која денеска Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна за злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.

Димова, во изјава за медиумите по изрекувањето на пресудата, рече дека не е изненадена од пресудата. 

– Не сум многу изненадена, особено затоа што во последните две три недели ги воскреснаа магарињата што се тренирани и мислам дека ова е уште една политичка игра, со таа несреќа што во овој случај двете страни и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат корист за тоа јас да бидам осудена, изјави Димова. 

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи Димова за виновна за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, а ја ослободи од вина за делото измама. 

Димова е осудена на казна затвор од две години, да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...