Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Резолуцијата со црвени линии предложена од СДСМ е полна со фалсификати и лаги, смета премиерот Мицкоски. Тој вели дека документот се обидува да негира историски факти кои се однесуваат на македонскиот јазик, забележува и дека новото уставно име на државата се користело за настани кога земјата се нарекувала Република Македонија.

„Се обидува да се негира еден историски факт и да се каже дека македонскиот јазик бил официјален јазик во ОН од 2019 година. Тоа е една монструозна лага, посебно во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик и неговото примање во ОН како официјален јазик на тогашната југословенска федерација, заедно со српско-хрватскиот и словенечкиот јазик. Истовремено, има уште неколку други фалсификати, а тоа е дека во 2005 година Северна Македонија не доби датум за почнување на преговори, туку доби Република Македонија“, изјави Христијан Мицкоски, премиер. 

За дел од политичките аналитичари, резолуцијата на СДСМ не понудила ништо ново за создавање на единствен став во однос на црвените линии. Не постоел ниту механизам кој по внесување на Бугарите во уставот ќе спречи нови барања од Софија.

Заради бројните пропусти, по локалните избори, своја резолуција ќе понуди и ВМРО-ДПМНЕ, најави Мицкоски. Нејзина цел ќе била да ги заштити македонските национални интереси.

„И ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна државотворна партија ќе направиме една вистинска резолуција. Еве како подлога ќе ја искористиме оваа резолуција и преку собраниските комисии после завршувањето на локалните избори ќе формираме т.н. македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Нешто што, за жал, за СДСМ видовме дека во минатото не постои, а мене ми е жал што и овој претседател на СДСМ како и неговите двајца претходници продолжува по таа патека“, рече Мицкоски.

Инаку Мицкоски најави дека по нова година очекува интензивирање на решавање на спорот со Бугарија, а во процесот ќе се вклучи и моќна европска земја. 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи