(Видео) Рамош во 90-та минута ја нокаутира Барселона

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим.

На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол.

Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во втората минута.

Во 19-та минута, Витиња ја загуби топката на својата половина, а потоа Маркус Рашфорд со прекрасна асистенција му овозможи на Торес да го совлада Шевалие.

По 25-та минута ПСЖ ја презеде контролата врз играта. Во 38-та минута, Нуно Мендеш ја претрча одбраната на Барселона, а тинејџерот Мајулу го изедначи резултатот.

Во второто полувреме Хакими спаси сигурен гол по обидот на Олмо и тоа беше најдобрата и единствена шанса на Барселона во овој период од играта.

Како што доминуваше натпреварот ПСЖ се повеќе го засилуваше темпото. Играчите на барселона не може да да се спротивстават. Баркола имаше два обиди, Ли ја погоди стативата, а во 90-та минута изворедна акција на Хакими која Рамош ја претвори во гол за победа.

ПСЖ ја забележа втората победа, а Барселона го запиша првиот пораз во сезоната во сите натпреварувања.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи