Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен–ен тројца неименувани американски и европски функционери.

Трамп за време на последната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека би претпочитал да не и достави на Украина ракети, бидејќи „не сака да се откаже од работите што се неопходни за заштита на САД“.

Според неименуваните извори сè уште има неколку оперативни прашања што треба да се решат пред Украина да може ефикасно да ги користи ракетите, меѓу кои и како украинската армија би ги лансирала ракетите.

Европските претставници тврдат дека Украина би можела да најде решение. Украинските инженери изнајдоа решение за употреба на ракетите „Сторм шедоу“ испорачани од Велика Британија, кои првично биле дизајнирани за употреба во модерните авиони на НАТО.

Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од околу 1.600 километри.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...