Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, донесе Решение бр. 26-730 од 6 ноември 2025 година, со кое се забранува користење на водата од водоводната мрежа во Берово за пиење и готвење.

Преку соопштение на својата фејсбук страница објавено пред еден час, од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ информираат дека според решението, водата од јавниот водовод што ја одржува ЈПКР „Услуга“ Берово може да се користи исклучиво како техничка вода, сè додека не се доведе во безбедна состојба и не ги исполнува стандардите за вода за пиење.
Забраната е воведена поради отстапувања во физичко-хемиската анализа на водата, односно утврдена зголемена концентрација на манган, што е спротивно на вредностите пропишани со Правилникот за вода за пиење.

На ЈПКР „Услуга“ Берово му е наложено да преземе соодветни мерки за преработка и прочистување на водата со цел нејзино усогласување со стандардите за безбедност.

Општината апелира до граѓаните водата од водоводната мрежа да ја користат само за технички цели, додека лабораториските анализи од акредитирана лабораторија не потврдат дека квалитетот е во границите пропишани со правилникот.

Состојбата ќе трае до добивање на резултати кои ќе ја потврдат исправноста на водата за пиење. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи