Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето – чист град за 72 часа?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


4 ипол илјади тони ѓубре депонирани до Дрисла. Повеќе од стотина возила и 2.500 луѓе. Ваков е исходот од досегашната акција на Ѓорѓиевски. На неколку часа пред да истече рокот да го исчисти цел град, новиот градоначалник веќе е задоволен од резултатите. За Сител вели дека градот е уреден, а ветувањето исполнето.  

– Над 4 ипол илјади тони досега се собрани и транспортирани до Дрисла, за изминатите 60 часа. Тоа е 4 пати повеќе од кој било викенд што се собирало во Скопје. Работеа над 2.500 луѓе, исклучително сум им благодарен. 

Сител и денеска направи обиколка. Специјализираните возила оперираа низ скопските улици. Најголемиот дел од контејнерите се празни, веќе нема отпад ниту надвор од нив. 

Вчеравечер службите работеа на терен за чистење на Плоштад Македонија. Акцијата продолжува и денеска со уште поинтензивно темпо. Се перат и спомениците, и мостот. 

Граѓаните велат дека акцијата е успешна, но бараат да се продолжи со ова темпо. 

– Контејнерите се празни,плошадот е чист, и градскиот парк – ќе продолжиме понатаму вака да чистиме

Оперативниот план на Град Скопје предвидува празнење на контејнерите еднаш дневно. Ѓорѓиевски најави менување на истиот, но и ригорозни казни за оние фрлаат отпад таму каде што не предвидува законот. 

– Ќе направиме попис на правни субјети, секој кафич каде треба ѓубре да фрла. 

Градоначалникот апелираше свеста кај граѓаните да биде на највисоко ниво, бидејќи во изминатиот период биле пишани и околу 40 казни. А најави дека миење и перење на улицит ќе прераснат во секојдневна пракса на службите. 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...