Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


За една недела се исчисти дел од коритото на Отовичка река која се влева во велешкото езеро Младост, а од вторник ќе се започне со чистење на крајбрежјето на езерото.

Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ „Лисиче“ кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како и изведба на дополнителен сифон за празнење на езерото, информираат од Општина Велес.

Како што информира за МИА, Ване Маневски директор на ЈПВ „Лисиче“ од вторник  – 18 ноември  започнува чистење на крајбрежјето на велешко езеро „Младост“ од сува трска наслаги на земја и друг отпад. Работите ќе се изведуваат со подршка на механизација од АД „Водостопанство“ од Скопје.

Воедно во рамките на мерките за ревитализација за спас на езеро „Младост“ а што налага дотур на свежа вода во езерото Манев информира дека потоа ќе се прават бушотини на најмалку две локации покрај  езерото, за дотур на свежа вода.

Директорот Ване Маневски потенцира дека ЈПВ „Лисиче“ и Општина Велес, деновиве вршат интензивни преговори со Владата за трајно решавање на проблемот за спас на велешко езеро, со здрава и чиста вода. Тоа подразбира  финансиска поддршка за доградба односно поврзување  на цевководот од Хидросистемот  „Лисиче“ на потегот од кај село Раштани до велешко езеро „Младост“.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...