Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со најновата одлука на Собранието, пратениците изгласаа воведување 18% ДДВ на онлајн нарачки со вредност до 22 евра од странски продавници како „Тему“, „Шеин“ и „Али експрес“, кои досега беа ослободени од ваков данок. Законот ќе стапи во сила осум дена по неговото објавување во „Службен весник“.

За амандманите гласаа 59 пратеници, додека 12 беа против. Со ова, евтините онлајн нарачки што беа неданочени ќе станат поскапи.

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, образложи дека целта на мерката е да се заштитат домашните мали трговци. Тој посочи дека истото ослободување веќе е укинато во Србија и Црна Гора, а слична постапка е во тек и во Албанија.

Главната идеја зад овие измени е создавање појасни законски правила, спречување злоупотреби и воспоставување поправедна конкуренција меѓу домашните мали бизниси и странските продавници кога станува збор за наплатата на ДДВ.

„Би сакал да истакнам дека Европската Унија, со директива, уште од 1 јули 2021 година го укина ова ослободување,“ додаде Јанкуловски.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи