УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите.

-Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок. Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка, велат од УЈП.

Апелираат до граѓаните доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, веднаш да направат ажурирање на податоците во системот.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
10.4 ° C
10.4 °
10.4 °
93 %
1.2kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °

Поврзани написи