ВМРО-ДПМНЕ најавува промени – СДСМ очекува предвремени избори

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија. Вака ВМРО-ДПМНЕ ја претставува стратегијата Македонија 2030 која вчера ја усвои партискиот конгрес на седницата во Кавадарци

Покрај стратегијата како клучен документ, вчерашниот Конгрес ја отвори и вратата за внатрепартиски освежувања кои на пролет треба да резултираат и со посериозна владина реконструкција. Лидерот Мицкоски веќе најави дека партијата ќе добие освежување од врвот до најниските структури. Се очекуваат нови лица во тимот потпретседатели, нов извршен Комитет и нови претседатели на локалните ограноци. Планот е некаде во март Мицкоски до Собранието да предложи и нови имиња во својот кабинет. Иако не се исклучува како можност, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во овој момент нивната цел не се предвремени парламентарни избори идната година. 

А во СДСМ се убедени во спротивното. Според нив, најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека до пролет ќе се случат промени се најави за предвремени избори, а целта според партијата е да се спаси Никола Груевски.

„Зошто се подготвуваат за избори на пролет? 

Сакаат по секоја цена да се обидат, на било каков начин, не бирајќи средства ниту методи, да обезбедат уште четири години власт. А во тие четири години да си обезбедат амнестија за себе, целосно да ја изолираат Македонија, да продолжат да крадат, да ја претворат во азил центар за сите свои криминални членови.

Тоа особено важи за нивниот шеф, кој доколку дојде до промени во Унгарија, ќе ја загуби заштитата од Орбан.

Затоа намерно се работи на тоа да нè заобиколуваат коридорите, да се пропуштаат мигранти, да се стопира европскиот пат преку конфликти и измислување нови услови.“ – се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата веќе најавија дека и тие почнуваат со внатрепартиски промени по поразот на локалните избори а оставки си поднесе целото партиско раководство и извршниот одбор. Лидерот Филипче веќе најави дека планира со нови лица да ја врати поддршката што некогаш ја имаше неговата партија.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи