По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


По состаноците со европските функционери во Лондон, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе отпатува во Брисел, а потоа во Рим, каде што утре ќе се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Зеленски денеска во Лондон се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, со кои разговара за американскиот план за ставање крај на војната во Украина.

По состанокот во Лондон, тој ќе отпатува за Брисел, каде што подоцна денеска ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи