Филипче со петиција против мигранти – Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Прво преку онлајн иницијатива, а потоа со порадикални чекори и мобилизација на секој град и село, Филипче најавува дека нема да дозволат во земјава да влезат мигранти во рамки на договорот меѓу Македонија и Британија, за кој деновиве пишуваат британските медиуми. Тој директно прашува дали цената за кредитот од 6 милијарди фунти од Британија е Македонија да ги интегрира мигрантите во своето општество, особено преку нивно ангажирање во градежништвото, при што, според написите, државата би добивала по 20.000 фунти за секој мигрант.

Филипче предупредува дека дури и многу поразвиени земји од Македонија тешко се справуваат со мигрантските политики, а уште помалку земја со нефункционални институции, како што е нашата земја. Тој вели дека мигрантите во други држави предизвикуваат немири, тепачки и напади и потенцира дека не смее да се дозволи, насилно внесување на мигранти во Македонија.

Премиерот Мицкоски смирува, дури тој е на премиерската функција вели, мигранти во Македонија нема да се носат. Антиилегалната миграција е во фундаменталните вредности на ВМРО-ДПМНЕ, со проект safe country ќе бидат мониторирани границите да нема илегално влегување на мигранити. 

Написите првично ги објавија британските Дејли мејл, Тајмс и Сан, тврдејќи дека Велика Британија води формални преговори со Македонија за преземање одбиени баратели на азил. Британската амбасада во Скопје не ги коментираше овие наводи, но објави дека двете држави соработуваат преку Заедничка работна група за справување со нерегуларната миграција, безбедноста и организираниот криминал, во рамки на стратешкото партнерство воспоставено по средбата Мицкоски–Стармер. 





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи