Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за германскиот весник Билд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е главна пречка за мирот во Украина.

Руте одговарајќи на прашање зошто е толку тешко да се стави крај на војната во Украина, посочи оти „причината е Путин“, кој е „подготвен да жртвува 1,1 милион свои граѓани“.

–Оваа година неговиот (на Путин) напредок беше минимален: занемарливи територијални придобивки, помалку од еден процент од територијата на Украина од почетокот на годината и, според нашите процени, 1,1 милион луѓе се убиени или ранети на руска страна – наведе Руте.

Според него, неколку европски држави, доколку е потребно, се подготвени да испратат војници во Украина.

-Се работи за дефинирање на прецизната структура на Коалицијата на подготвените: Како би се одвивало распоредувањето? Што би се случило на копно, на море, во воздух? Сите овие елементи сè уште се разработуваат – посочи Руте.

Тој истакна дека „има многу почит“ за американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи „тој е единствениот кој успеа да го доведе Путин на преговарачка маса и единствениот кој конечно може да го натера да склучи мир“.

Руте наведе и дека не очекува САД да ја повлечат поддршката за Украина и оти ќе продолжи размената на информации и испораката на оружје за Киев.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...