Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар „Гевгелија“ и натпатникот на улица „Железничка“ во Гевгелија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри. Со овој проект се изврши темелна санација и модернизација на патната инфраструктура, со што се создадоа значително подобри услови за движење на граѓаните и возилата низ овој важен сообраќаен правец, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Додава дека инвестицијата од 25.721.284 денари, финансирана од Владата овозможува комплетна реконструкција на коловозот, изведба на нови асфалтни слоеви, санација на оштетените делови, поставување нови рабници и подобрување на сообраќајната сигнализација.

-Дополнително, извршено е нивелирање на шахтите, со што се обезбедува поголема безбедност и комфор при движењето на сите учесници во сообраќајот, пишува Мицкоски и додава дека овој проект е од огромно значење за локалната заедница, бидејќи значително го подобрува сообраќајниот проток, ја зголемува безбедноста и го олеснува секојдневното функционирање на граѓаните.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи