Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Град Скопје набргу ќе го избере и објави најдобро украсениот дом во главниот град.

За изборот ќе одлучува формираната комисија и сопственикот на најдобро украсениот дом ќе добие парична награада.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека по повеќе години Град Скопје повторно оваа година објави повик и условите биле „ јасно и јавно пропишани“. 

-Предвидена е парична награда за најдобро украсениот дом што ќе биде избран. Град Скопје има формирано комисија која е задолжена за изборот, во таа работа јас не се мешам.  Условите беа јасно и јавно пропишани, така што за брзо ќе биде избран и објавен најубаво украсениот дом во градот Скопје, рече Ѓорѓиевски одговорајќи на нвовинарско прашање при посетата на првото родено бебе во 2026-та  на Клиниката за гинекологија и акушерство.

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи