Сити и Арсенал му „фриле око“ на Родриго

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, не е задоволен од својот статус во тимот, долго се шпекулира дека би можел да замине од Мадрид, а каталонскиот весник „Спорт“, тврди дека до крајот на преодниот рок тој би можел да гзамине од „Сантојаго Бернабеу“.

Според овој извор, доколку Бразилецот го напушти Мадрид, најреални следни дестинации се Арсенал и Манчестер Сити.

Родриго и неговиот татко, кој е и негов менаџер, не сакаат да им се повтори минатото лето, кога Бразилецот не успеа да го напушти клубот и покрај интересот од неколку врвни европски тимови.

Сепак, трансферот би можел да се одложи поради повредата на коленото на ѕвездата на Реал, Килијан Мбапе, поради што тој ќе пропушти неколку натпревари.

Доколку продажбата се реализира, Реал Мадрид ќе бара отштета од околу 100 милиони евра (87 милиони фунти), со оглед на тоа што договорот на Родриго е до 2028 година.

Покрај англиските клубови, интерес покажува и ПСЖ, кој, доколку сака, би можел да ги надмине понудите од Премиер лигата.

Оваа сезона, Родриго одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнува два гола и исто толку асистенции.

Според „Трансфермаркт“, неговата вредност се проценува на 60 милиони евра.

Foto/ depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...