Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени – што ќе превземат властите?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Глутница кучиња преку ноќ се населија во скопски Карпош. Граѓаните вознемирени, социјалните мрежи вријат – скопјани бараат итна реакција од службите. Алармот го вклучија и здруженијата.

Обвинуваат дека станува збор за организирано внесување и дислоцирање кучиња во главниот град. Од „Анима Мунди“ тврдат дека пронашле кучиња со ушни маркици од Албанија по што се отвора прашањето за нелегален и како што велат, прекуграничен транспорт и напуштање на животни.

Загрижените граѓани жалби адресирале и кај локалната самоуправа. Од Општина Карпош велат дека будно ја следат состојбата, но побарале помош од Град Скопје и ЈП Лајка за привремено и трајно решение на новонастанатиот проблем.

Од претпријатијето велат дека нивните екипи се на терен уште од рано утрово во Карпош 4 со цел безбедно и хумано заловување на кучињата, согласно законските процедури и стандардите за благосостојба на животните.

„Само во изминатите два месеци, од истата локација се заловени вкупно 19 кучиња. И покрај тоа, континуирано се соочуваме со појава на нови кучиња на истата територија, што укажува на сериозен сомнеж дека одредени лица или субјекти организирано вршат дислокација на бездомни кучиња во Скопје, наместо да преземат законски и хумани мерки за нивен третман во општините од каде потекнуваат“, реагираат од ЈП Лајка.

Од претпријатието, кога ќе ги заловат кучињата ги згрижуваат, им ја пружаат потребната нега и ресоцијализација. Кога ќе бидат подготвени ги враќаат на улица или ги згрижуваат во семејство.

Останува отворено прашањето, ќе биде ли отворена истрага за тоа дали и кој нелегално транспортира кучиња во главниот град?

Од Град Скопје велат дека искомуницирале со МВР за да има засилени контроли на сите типови возила на влезовите во главниот град, но и во внатрешноста на градот со цел пресретнување на евентуално транспортирање на кучиња, за што постојат сериозни индиции.

„Дополнително, во координација со МВР во предвид е и користење на камерите на МВР за да се разјасни ваквата состојба која ја загрозува јавната безбедност на граѓаните. Дотогаш, градското ЈП „Лајка“ интензивно ќе работи на решавање на проблемот на терен, односно на заловување на кучињата“, ни одговорија од Град Скопје.

Досега, во полициска станица Карпош нема стигнато никаква пријава по овој основ.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи