Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Гард Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки.

На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите.

Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС и даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство за решавање на постоечкиот проблем и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините.

“Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија”- рече на состанокот Министерот Перински.

Претстои дефинирање на локации во општините за нивна изградба и планирање на инфраструктурата која треба таму да се изгради за да може тие целосно да се стават во функција на граѓаните, појасни Ѓорѓиевки, потенцирајќи дека локалните самоуправи ќе дадат целосна поддршка во реализацијата.

Во однос на решавање на актуелниот проблем со бездомните кучиња тој изрази подготвеност за поддршка и помош на АХВ преку вклучување и на општинските инспектори и општинските комунални редари во решавањето на актуелниот проблем со бездомните кучиња.

На состаноците акцент беше ставен и на предложените решенија за намалување на популацијата на бездомни животни преку воспоставување на систем на прифатилишта во секоја локална самоуправа, што наиде на поддршка и од Министерот Перински и од Градонсчалникот на Град Скопје Ѓорѓиевки, со ветување дека и локалните самоуправи активно ќе се вклучат во имплементацијата на претстојните законски измени.

Според Директорот на АХВ Миланов, во предлог законските измени се веќе инкорпорирани забелешките и предлозите кои ги дадоа здруженијата за заштита и благосостојба на животните, а в передвид ќе се земат и предлозите на општините.

-Како одговорна институција и за здравстената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе им помогне на општините во однос на решавање на техничките прашања при воспоставувањето на системот за контрола на популацијата бездомни кучиња, согласно можностите, надлежноста и овластувањата на АХВ – заклучи Директорот Миланов.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...