Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор којшто, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара.

-Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа тема кога јас многу јасно ова сум го предложил уште минатата година само тогаш беше на четири рати бидејќи беше опфатена и 2025 година. Сега, бидејќи 2025 е зад нас, остануваат три години, односно две години и два – три месеца (април 2026, 2027 и 2028). Тоа е условот – да дојдат, но треба исто така во тие преговори да се согласат на веќе изминатиот од важност Општ колективен договор, да го тргнеме делот за плати којшто и онака е збунувачки, и да се посветиме на овој договор да го финализираме и во рамки на тие две години да се договориме и за тој дел. Ние сме подготвени да преговараме, изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Вели дека оваа понуда била на маса веќе една година и дека неговиот став е непроменет, односно бил ист и тогаш и сега.

-Со тоа Владата ги регулира односите со своите колеги, односно онаму кадешто Владата е работодавач бидејќи остануваат уште административните службеници. Со сите останати ние како Влада имаме договор, рече Мицкоски по означувањето на почетокот на изградба на булеварот „Македонија“ кај хотелот Лимак во Скопје.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...