Сто лица добиле поддршка во 2025 од регионалниот Центар за поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сто кориснички добија поддршка во 2025 година преку услугите на Регионалниот советувалиштен центар за жртви на родово базирано насилство во Кавадарци. Од нив, 30 се нови барателки кои за првпат се обратија за помош. Осум млади се евидентирани како деца кои доживеале траума како резултат на семејно насилство – директно или индиректно, информираат од Центарот.

– Овие податоци ја потврдуваат реалната потреба од достапни, навремени и доверливи услуги за жртвите на родово базирано и семејно насилство. Зад секоја бројка стои човечка приказна и потреба од сигурност, поддршка и заштита. Регионалниот советувалиштен центар продолжува со посветена работа во насока на психосоцијална поддршка, советување и зајакнување на жртвите, со посебен фокус на заштитата на децата како најранлива категорија, посочуваат од Центарот.

Оттаму нагласуваат дека помошта е достапна, а поддршката е доверлива.

– Заедно градиме простор каде што храброста да се побара помош се претвора во сила за нов почеток, додаваат од Центарот.

Спас од насилство во 2024 година, пак, побарале 35 жени во Регионалниот советувалиштен центар во Кавадарци. На 240 припаднички на понежниот пол им биле потребни услуга или совет од социјалната работничка, 35 ја користеле помошта од психолог психотерапевт, а 93 жени побарале бесплатно правно советување.

Регионалниот советувалиштен центар работи согласно стандардите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а раководено е од Здружението за родова еднаквост „Визија“ од овој град. Советувалиштето нуди услуги за сите жртви на насилство. Функционира регионално и финансирано е од општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Центарот постои од 2022 година.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...