Поранешен македонски министер веројатно ќе биде меѓу осомничените во големата акција на полицијата која досега, извади над 40 тони марихуана од легалните плантажи во Скопје во Струмица. Премиерот утрово на прес конференција вели дека бројката, веројатно ќе надмине 100 тона.
Мицкоски најави во вторник Владата ќе донесе одлука по која полицијата ќе влезе во секоја фирма која има лиценца за производство на канабис.
Тој објасни дека дел од контролираните производители одгледувале марихуана во услови за кои однапред знаеле дека добиениот производ нема да може потоа да го користат за производство на масло, како што налага законот. Тоа како што рече, отвора сомнеж дека со умисла се произведувала марихуана спротивно на законот, а потоа, на инвентивни начини се вадела од магацините.
Мицкоски рече дека до овој момент нема докази дека запленетата марихуана во Србија потекнува од Македонија. Македонското обвинителство за организиран криминал не споделува информации додека трае истрагата.
Преземено од: Линк













