Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Се санираат штетите во Кичево по излевањето на Зајаска Река, кое настана поради обилните врнежи од дожд. Над 60 семејства останаа без покрив над глава по вторпат месецов, повторно како последица на обилните дождови.
Во спортската сала се сместени околу 250 лица, односно 63 домаќинства чии домови беа поплавени во вчерашното невреме. Сепак, овде нема соодветни услови за хигиена, а засегнатите граѓани во моментов немаат можност за капење.

Градоначалникот на Кичево Александар Јовановски најави дека до крајот на денот ќе биде обезбедено соодветно решение за надминување на состојбата за одржување на лична хигиена за лицата во спортската сала.

Засега не е познато до кога граѓаните ќе останат сместени во спортската сала.  При претходните поплави тие останале во салата една седмица, но овојпат, според проценките на властите, можно е престојот да трае и до две недели, со оглед на тоа што штетите се поголеми.

Надлежните служби тврдат дека на терен се работи со целокупната расположлива механизација.

Најкритична е состојбата на улицата „Прилепска“. Сител влезе во повеќе домови. Трагите од водата на ѕидовите достигнуваат височина и до два метра. Жителите и денеска самостојно ја испумпуваат водата од своите куќи.

Зајаска Река се повлече во своето корито, но и понатаму се бележи зголемен водостој, што предизвикува загриженост кај жителите од можноста за ново излевање.

Потребни се ќебиња, вода и храна за сите сместени во спортската сала. Надлежните апелираат донациите да се доставуваат исклучиво преку Црвениот крст, со цел нивна организирана и транспарентна распределба.

Во меѓувреме, штети од невремето се санираат и во Гостивар, Тетово и скопско Сарај. Според најавите од метеоролозите, врнежите од дожд се очекува да продолжат и во текот на целата седмица, што дополнително ја отежнува состојбата на терен.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...