Драстичен скок на цените на становите: Куманово и Тетово рушат рекорди, во Центар метар квадратен достигна 3.785 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности за втората половина од 2025 година покажува сериозен пораст на цените на становите низ државата. Највисок скок на цените е забележан во Куманово (24%) и Тетово (22%), додека скопските општини Карпош, Кисела Вода и Гази Баба бележат пораст од по 16 проценти.

Според податоците од Регистарот на цени и закупнини, највисока цена по метар квадратен е евидентирана во општина Центар, каде максимумот достигнал вртоглави 232.722 денари. На спротивната страна, најниската цена е забележана во Чаир, со минимум од 19.543 денари за метар квадратен.

Во однос на обемот на работа, Аеродром останува лидер по бројот на продадени станови (240), по што следуваат Чаир, Центар и Карпош. Сепак, Центар останува најскапата дестинација со просечна цена од 104,3 илјади денари по квадрат.

„Растот на обемот на трансакциите може да се поврзе со подобрени услови за финансирање и зголемена доверба во пазарот на недвижности“, оценуваат од Агенцијата за катастар.

Вкупно се регистрирани 17.603 трансакции во втората половина од годината, што е пораст од 6,4% во споредба со истиот период во 2024 година. Додека повеќето градови бележат раст, пад на продажбата е забележан во Струмица и Битола.

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи