Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Унгарскиот премиер Виктор Орбан посочи дека Унгарија би можела да го прекине снабдувањето со електрична енергија на соседна Украина ако Киев продолжи да се меша во испораките на руска нафта, јавува ДПА.

„Не сакам да се заканувам или да прејудицирам ништо. Но, Украина добива значителен дел од својата електрична енергија преку Унгарија“, изјави Орбан синоќа пред унгарските новинари во Вашингтон.

Унгарскиот лидер рече дека Киев треба да престане со она што го опиша како обиди за создавање немири и „уцени“, додавајќи дека Будимпешта би можела да разгледа „одмазднички чекори“.

Од крајот на јануари во прекин е испораката на руска нафта преку Украина за Унгарија по гасоводот „Дружба“. Будимпешта и Братислава, кои во голема мера зависат од ова нафта, од средата ги прекинаа испораките на гориво за Украина, пренесува ДПА.

Орбан, кој се соочува со тешки парламентарни избори на 12 април, тврди дека Киев сака тој да ги изгуби изборите и се обидува да ги зголеми трошоците за греење во Унгарија со блокирање на гасоводот.

Без да презентира докази, тој тврди дека конзервативната опозициска „Партија за почитување и слободата“ (Тиса) е „финансирана од Украина“ и дека Украина, Европската Унија и Германија склучиле „таен пакт“ на неодамнешната Минхенска безбедносна конференција со цел да го отстранат од функцијата.

За прв пат по 16 години, Орбан се соочува со сериозен предизвик за неговата контрола на власта. Анкетите на јавното мислење во последните 18 месеци покажаа дека Тиса, предводена од Петер Маѓар, е во предност од осум до десет процентни поени пред Фидес на Орбан.

Откако Русија ја започна инвазијата врз Украина пред речиси четири години, Орбан се обиде да ја блокира помошта на ЕУ за Киев и санкциите кон Москва, нарекувајќи ја политиката на блокот кон Украина „военоподбуцнувачка“, потсетува ДПА.

Орбан ги даде овие забелешки по првиот состанок на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, новоформирано тело во кое Унгарија и Бугарија се единствените членки на ЕУ.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи