Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


За две недели истражните органи би имале појасни докази дали 25 годишникот од кумановско е сериски убиец. Толку време е потребно за ДНК лабораториските анализи по ексумацијата на жена од Нагоричане за која постои сомнеж дека и таа била убиена од истото лице. Примероците за испитување од жената на 40-тина години која била погребана пред 1 месец се земени пред 3 дена на Институтот за Судска медицина. 

Откако во петокот обвинителството отвори истрага за убиство на свиреп начин врз 78 годишна старица, а осомничениот го поврзуваат со уште неколку слични случаи во кумановскиот крај, од Министерството за внатрешни работи без конкретен одговор на прашањата од Сител:  Дали МВР ги проверува постапките на СВР Куманово за евентуални пропусти во истрагата за сомнителните случаи? Колку случаи на починати лица се под проверка и  За какви дела до сега одговарал до сега приведениот?

– Во врска со случајот за кој прашувате ве известуваме дека во интерес на истрагата во моментов не сме во можност да споделиме повеќе детали. Воедно, апелираме за трпение институциите и истражните органи да го комплетираат случајот по што соодветно ќе биде известена јавноста, стои во писмениот одговор од службата за односи со јавност во министерството.

Неофицијално, истражните органи се сомневаат дека  25 годишникот од селото Драгоманце извршил 5 убиства во овој крај лани и годинава. Во петокот пред камерата на Сител сведочеше 85 годишната Росанка која тврдеше дека и таа била нападната од истото лице, но за среќа успеала да се спаси бидејќи нешто тропнало и тој избегал.

Засега нема информација дали обвинителството ќе бара ексумација и на други тела. Дали можат да се обезбедат траги од Институтот за Судска медицина велат дека тоа завизи од времненските и теренските услови и  колку време е поминато од погребите.

– Затоа е најдобро секогаш да се работи обдукција веднаш после починувањето на одредени луѓе, колку ќе помине подолг период од смртта до обдукцијата толкку шансите се понмали, изјави проф. д-р Александар Станков, директор ан Институтот за судска медицина.

Јавноста пред 20 –тина години се сеќава на неколку сериски убијци, меѓу кои Охриѓанецот Лазе Радески кој жртвите дилери на девизи ги убивал со чекан во глава, Скопскиот Расколников од Ѓорче Петров во 2009 та убил и ограбил 4 постари жени, а една година претходно беше откриен и серискиот убиец новинарот Владо Танески од Кичево, кој беше осуден за три убиства на жени со давење со кабел и потоа се самоуби во затворска келија.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...