Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во Основниот суд во Штип денеска стартуваше судскиот процес против 75-годишниот штипјанец Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Обвинението го товари за убиство сторено при родово базирано насилство. Случајот ја вознемири јавноста и предизвика силни реакции поради тежината на делото.

– Токму такво групо прекршување на овие одредби и вршење на фемицид, односно убиство на жена, само затоа што е жена и вршење на родово базирано насилство, сторува обвинетиот Денис Асанов од Штип, изјави Тања Кацарова, основна јавна обвинителка, Основен суд – Штип.

Во судницата  Асанов негираше вина и изјави дека не се чувствува одговорен за делото што му се става на товар.

– Апсолутно не, милјарда посто, изјави Денис Асанов, обвинет.

На рочиштето сведочеше и 85-годишната сестра на починатата, која пријавила дека Борјанка исчезнала. Сведочењето беше проследено со видлива вознемиреност.

Според обвинението, настанот се случил во периодот од 6 октомври до 10 ноември минатата година, во домот на обвинетиот. Обвинителството наведува дека при извршување на родово базирано насилство, на жртвата ѝ биле нанесени повеќе удари со тврд предмет во пределот на градниот кош, по што настапила смрт. Телото потоа било закопано во дворот од куќата на обвинетиот, додека дел од посмртните останки сè уште не се пронајдени.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...