Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Инспекторите ќе треба добро да ги „засукаат ракавите“ за да проверат дали маркетите навистина ќе си останат на зборот дека ќе нема нов бран поскапувањa. Од Организацијата на потрошувачи велат дека контролите на терен ќе покажат дали договорот од вчерашната средба меѓу премиерот Мицкоски и трговците ќе се почитува и во пракса.

На средбата, претставниците на супермаркетите се согласиле дека цените треба да останат фер и дека не треба да има ново зголемување. Но, од Организацијата на потрошувачи предупредуваат – ако и покрај ваквиот договор, сепак се кренат цените, тогаш државата ќе мора да интервенира.

– Бидејќи се согласиле претпоставувам дека си направиле пресметки дека тоа нема многу да влијае врз нивните профити и врз нивното функционирање. Да се надеваме дека тоа ќе биде така. Верувам дека инспекциските служби сега повторно ќе се активираат на ова поле, односно ќе има контроли во маркетите да се види дали навистина остануваат цените и ако навистина дојде до покачување на цените и мерките не се преземени додека не се покачени, тогаш да се оди наназад односно да важат цените од пред месец дена, а не во моментот кога се веќе покачени – вели Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачи,

Ако цените на горивата продолжат да растат, Тасевска предлага државата да ја намали акцизата. Во спротивно поскапувањата ќе бидат неминовни. 

– Нафтата има фидбек преку транспортот на сите други производи, вклучувајќи ги и прехранбените. Бидејќи мора да ги донесете тие производи. Ние, за жал, не сме земја која може да произведува се, ни требаат суровини, а дури и да имаме производство, суровините треба да се донесат – кажа таа.

Премиерот вчера кажа дека Владата ги има предвид мерките како замрзнување на маржите или намалување на ДДВ-то на основните производи, но се разгледуваат и други опции кои би се реализирале ако има реална потреба од тоа.

Македонија се уште се опоравува од светската енергетска криза. Растот на трошоците за живот беа двоцифрени од април 2022 до мај 2023-та, а пикот беше постигнат во октомври 2022-ра, со 19,8%. 

Државата дваесетина пати интервенираше преку различни одлуки – се замрзнуваа цените, па маржите, се носеа кошници..но ниту едно ограничување не го даде посакуваниот ефект. Веднаш по нивното завршување, цените стануваа уште повисоки. Од мај лани, Владата не се вмеша и инфлацијата минатиот месец за првпат по подолго време падна под 3 проценти.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...