Салата „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



На иницијатива на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спортската сала „Работнички“ го доби името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Предлогот едногласно беше усвоен на денешната шеста седница на Советот на Општина Центар.

Герасимовски им се заблагодари на советниците за поддршката салата да го носи името на човекот кој оставил длабока трага во македонската кошарка и во историјата на КК Работнички.

„Салата, на мој предлог, се преименува во чест на големиот Лазар Лечиќ, кој е важен дел од историјата и на Работнички и на салата што од корен ја реконструиравме. Таа доби целосно нов лик и заслужува ново име што ќе го продолжи духот и традицијата на клубот. Денес можеме да се пофалиме дека имаме сала по ФИБА стандарди, подготвена за нови спортски успеси и нови генерации кои ќе ја продолжат славната кошаркарска приказна по која Работнички беше препознатлив во Македонија и пошироко“, порача Герасимовски.

Лечиќ се смета за еден од творците на македонската професионална кошарка. Под негово водство, КК Работнички ги освои шампионските титули во 1963 и 1964 година и се пласираше во Првата сојузна лига. Својот кошаркарски подем го започнал во 1957 година токму во Работнички, а по неколку години преминал во тренерските води, каде оставил силен белег во развојот на кошарката во Македонија и пошироко. Под негово водство, клубот во 1975 година стигна до полуфиналето на европскиот FIBA Saporta Cup.



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...