Симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, визуелен споменик на недовршените соништа на загинатите во пожарот во Кочани | ФОТО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

stol2

Шеесет и три бели столчиња наредени во тишина на отворено и една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години.

-63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето – беше пораката со која многуте делегации ги пречекаа семејствата на загинатите и другите пред Домот на културата во Кочани.

stol4

Настанот, организиран од Општина Кочани и од родителите на загинатите, почна во 8.45 часот и претставува дел од централната програма за одбележување на годишнината од трагедијата.

wmremove transformed

При приемот на гости и делегации за комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“, кој почнува во 10.30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“, утрово, пред овој визуелен споменик, посветен на недовршените соништа на прерано починатите, отворена е и книга на жалост.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...