Љубителите на добрата музика и вечерната забава во Тетово на 28 март ќе имаат можност да уживаат во настап на популарниот состав Libero Band, кој ќе настапи во Diam ond Restaurant, во рамки на комплексот Gold Felicia Tetovo.
Настанот најавува вечер исполнета со жива музика, добра атмосфера и внимателно подготвено гастрономско искуство. Организаторите најавуваат дека посетителите ќе можат да уживаат во комбинација од популарни хитови и енергичен настап, во елегантен амбиент кој веќе станува препознатлив за вакви типови на настани.
Diamond Restaurant во Gold Felicia Tetovo во изминатиот период се позиционира како едно од местата каде редовно се организираат музички вечери со познати изведувачи,привлекувајќи гости од Тетово и околните градови.
Настапот на Libero Band е закажан за 28 март, а бројот на места е ограничен.
Влезницата изнесува 300 денари.
За повеќе информации и резервации достапен е телефонскиот број: 077 865 865













