Хуманитарен Велигденски базар во Diamond Restaurant – Gold Felicia Tetovo: Детска радост и забава со хуманитарна цел

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Во пресрет на Велигденските празници, на 5 април 2026 година со почеток во 12:00 часот, во Diamond Restaurant–во рамки на комплексот Gold Felicia Tetovo,  ќе се одржи Хуманитарен Велигденски базар наменет за најмладите, но и за сите љубители на празничната атмосфера.

Настанот ќе понуди богата програма исполнета со детска радост, креативност и забава.Посетителите ќе имаат можност да уживаат во детско караоке шоу, креативна работилница, забавни игри и бројни изненадувања за најмалите. Организаторите најавуваат топла семејна атмосфера, со активности кои ќе го разубават празничниот дух и ќе придонесат за хуманитарната мисија на настанот.

Целта на базарот е преку дружење, забава и симболични активности да се поттикнехуманитарноста и заедничката поддршка, при што посетителите ќе можат да придонесат за добра кауза, а воедно да уживаат во содржините подготвени за децата.

Настанот е отворен за сите граѓани, а организаторите ги повикуваат семејствата да дојдатзаедно со најмалите и да бидат дел од ова празнично дружење исполнето со насмевки,креативност и позитивна енергија.

Хуманитарниот Велигденски базар ќе се одржи на 5 април (недела) од 12:00 часот во Diamond Restaurant, Gold Felicia Tetovo, веднаш до Макпетрол Желино.

Повеќе информации и резервации на +389 77 865 865

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...