Почина Душко Вујошевиќ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина оваа среда во Белград.

Веста за смртта на поранешниот тренер на Партизан, Црвена звезда, ЦСКА, ОКК Белград, Бреша, Пистоја, Лимож, и поранешниот селектор на Србија и Црна Гора, првиот селектор на Црна Гора, како и на Босна и Херцеговина, ја потврди порталот „Nova.rs“.

Вујошевиќ имаше 67 години, а со години имаше здравствени проблеми предизвикани од дијабетес, па во 2025 година му беше трансплантиран бубрег во Белорусија.

Во март оваа година, тој беше примен во болница откако неговото здравје сериозно се влоши поради проблеми со срцето и белите дробови.

Тој беше шампион на Југославија, Србија, АБА лигата и победник на Купот на ФИБА Радивој Кораќ, а во 2010 година играше во Ф4 Евролигата со Партизан.

Душко Вујошевиќ, беше и ќе остане еден од симболите на КК Партизан, со кого доминираше во регионот во првата деценија од 21 век. Тој го водеше црно-белиот тим од 2001 до 2010 година, а потоа од 2012 до 2015 година.

Неговиот последен тренерски ангажман беше во 2021 година во Клуж, Романија.



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
76 %
0.2kmh
0 %
Tue
10 °
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
13 °
Sat
18 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...