Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Денеска (07.04.2026) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ “Тигар”, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК  спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на РС Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога.

droga2

По преземените оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници,  од слобода се лишени седум лица,  од кои четири од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, а извршени се претреси на 15 локации на подрачје на Скопје, Струмица и Штип.

droga3

За време на спроведувањето на полициската акција, обезбедени се  материјални докази, односно пронајдена е и одземена дрога, пиштол, рамка за пиштол и муниција, седум патнички моторни возила, седум телефонски апарати, како и поголем износ на парични средства.

droga4

Преземањето на соодветни мерки и активности продолжуваат и понатаму во насока на обработка и вештачење на одземените предмети кои потекнуваат од кривично дело, потоа спроведување на лицата пред судија на претходна постапка, како и поднесување на кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3  од КЗ.

droga5





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи