ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави списокот на судии кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во 2026 година. Списокот е објавен по детален процес на селекција кој траел повеќе од три години.

Такнаречениот „ФИФА тим еден“ се состои од 52 судии, 88 помошни судии и 30 видео судии, кои доаѓаат од сите шест конфедерации и 50 национални асоцијации.

Овој број претставува најголем судиски состав во историјата на Мундијалите.

Претседателот на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, рече дека избраните судии се „најдобрите во светот“, нагласувајќи дека биле под постојан надзор во текот на претходните три години.

„Целта е сите судии да бидат во оптимална физичка и ментална состојба кога ќе пристигнат во Мајами на 31 мај“, рече Колина.

Италијанецот потсети дека Светското првенство во 2026 година ќе биде најголемото во историјата, со 48 репрезентации и дури 104 натпревари, и дека во судискиот тим ќе има 41 судија повеќе од турнирот во Катар во 2022 година.

Исто така, меѓу избраните има шест жени, што досега не беше случај.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи