На Челзи ова не му се случило 114 години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Во 34-то коло од Премиер лигата на Англија, фудбалерите на Челзи беа поразени со 3:0 (1:0) на гостински терен од Брајтон, со што лошата серија на „сините“ се продолжи на пет натпревари.

Челзи не само што претрпе пет последователни порази, туку за време на споменатите натпревари не успеа да најде начин да постигне гол, па комплетната слика станува уште поцрна.

Треба да се напомене дека пред само 283 дена, Челзи стигна до трофејот на Светското клупско првенство, а сега со поразите од Њукасл (0:1), Евертон (0:3), Манчестер Сити (0:3), Манчестер Јунајтед (0:1) и веќе споменатиот Брајтон (0:3), влегоа во клупските анали, со оглед на тоа дека вакава црна серија клубот немал повеќе од еден век, поточно 114 години.

Во овој момент, Челзи со 48 освоени бода ги дели позициите од седмото до десеттото место со екипите на Брентфорд и Борнмут, со тоа што мора да се напомене дека споменатите екипи имаат и натпревар помалку, а Евертон со 47 бода, како и Сандерленд (46) и Филам (45), опасно им се закануваат на „сините“.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи