(Видео) Сака го однесе Арсенал до финалето во Будимпешта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Арсенал го победија Атлетико Мадрид со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и се пласираа во финалето. Арсенал втор пат во историјата ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите, првиот пат пред 20 години загуби од Барселона со 2:1.

Ова беше уште една шаховска партија помеѓу Микел Артета и Диего Симеоне, а помудар беше Шпанецот кој резервираше билет за Будимпешта, каде што ќе го чека подобриот од двата натпревари помеѓу Баерн и ПСЖ.

Капитенот Букајо Сака го постигна единствениот гол во 45-та минута.

Виктор Ѓекереш центаршутираше од десната страна, Леандро Тросар ја прифати топката, упати силен удар, Јан Облак само накратко ја одби, а Букајо Сака ја смести во мрежата за 1:0.

Арсенал ја оправда улогата на фаворит, не само поради нерешениот резултат во Мадрид, туку и поради фактот дека се единствениот клуб без пораз оваа сезона во Лигата на шампионите (имаат 11 победи и три нерешени резултати).

Диего Симеоне и неговиот Атлетико тагуваат, беа многу добри оваа сезона во Лигата на шампионите, имаа свои шанси вечерва, но лондонските „топџии“ заслужуваат да одат во финалето.

Финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта на стадионот „Пушкаш Арена“.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...